Tuesday, May 18, 2021

Vidovi kompjuteri

 Денес компјутерите претставуваат средство за секојдневна работа, за забава и за комуникација и се оставен дел на голем број машини, на пр. банкомати, автомобили, апарти за домаќинство и сл. Компјутер е електронски уред на кој можат да му се даваат инструкции за прием, за обработка, за чување, за приказ на податоци и информации. Постојат повеќе поделби на компјутерите, но наједноставната и најзначајната е поделбата според големината и можностите на компјутерите. Според оваа поделба, компјутерите се делат на: 1. • суперкомпјутери, 2. • големи (mainframe) компјутери, 3. • миникомпјутери, 4. • микрокомпјутери(персонални компјутери). Суперкомпјутерите се најбрзите, најмоќните и најскапите компјутери. Тие се многу големи, имаат голем број на процесори и огромен капацитет на хард дисковите.Се применуваат за воените цели, за научноистражувачките цели (на пр. проучување на вселената, симулирање и моделирање на физичките и на хемиските процеси и др.),а денес најактуелната примена им е за симулирање на земјотреси, урагани, суши, поплави и за следење на глобалната клима. Произведувачите на авиони и автомобили дизајнираат нови модели и ги тестираат под различни услови со користење на симулации со помош на суперкомпјутерите. Големите централни компјутери (mainframe) се исто така, големи, моќни и скапи машини кои се користат во големите организации, како што се државните институции, осигурителните компании, банките итн. Се користат за обработка на масовни податоци, на пр.податоци од гласање или попис, статистички податоци, финансиски трансакции и сл.,а често се користат како сервери. Основната разлика помеѓу суперкомпјутерите и големите компјутери е во тоа што суперкомпјутерите извршуваат мал број задачи што е можно побрзо, додека големите компјутери опслужуваат голем број корисници и извршуваат голем број задачи истовремено. Корисниците до централниот компјутер пристапуваат преку нивните терминали кои се поврзани со компјутерот. Терминалите немаат сопствена меморија, имаат само единици за примање и за праќање податоци до главниот компјутер. Тие можат да бидат лоцирани во иста просторија с


 





Vidovi kompjuteri

 Денес компјутерите претставуваат средство за секојдневна работа, за забава и за комуникација и се о ставен дел на голем број машини, на пр....